Врховниот суд на Индија почна да ја разгледува жалбата на владината одлука да го укине специјалниот статус на индискиот дел на Кашмир и побара од Владата да ја образложи својата позиција пред судиите.
Судот денеска одржа прелиминарно рочиште и соопшти дека пет судии во октомври ќе почнат да ги сослушуваат странките.
Од Владата во Њу Делхи е побарано да ги предаде одговорите на 14 поднесоци и да го информира судот за медиумските ограничувања воведени во Кашмир.
Индиската влада воведе полициска час во Кашмир и ја укина комуникацијата, со цел да спречи насилна реакција на одлуката за намалување на нивото на автономија на тој хималајски регион.
Таа одлука е донесена на 5 август и предизвика гнев и во индискиот дел на Кашмир и во соседен Пакистан.
Индија и Кашмир имаат право на целиот Кашмир, кој е поделен меѓу нив по стекнувањето независност од Велика Британија.