Карта на земји во кои е легализирана проституцијата

Од:

Чешкиот картограф Јакуб Маријан изработи карта на Европа на која се означени земјите во кои проституцијата е легализирана, како и државите во кои таа се смета за кривично дело.

На мапата се наведени и казните кои се пропишани за проституција, но и тоа дали се казнуваат клиентите или само „сексуалните работнички“.

Така во земјите од Источна Европа и Балканот под казнени санкции подлежат само проститутките, но не и нивните клиенти.

Проституцијата е забранета во Русија, каде за ваква дејност е препишана максимална казна во износ од 30 евра, како и во Литванија каде казната е 140 евра, Белорусија со казна од 140 евра или 15 дена затвор, во Украина – осум евра и во Романија 330 евра.

Меѓу балканските земји, според Маријан, највисока казна за проституција од 800 евра има во Македонија, додека во Србија казната изнесува 330 евра или 60 дена затвор. Во Хрватска за проституција е предвидена казна од 110 евра, а санкции следуваат и за проститутките во Албанија и Цртна Гора.

Проституцијата е легално дозволена во Австрија, Германија, Грција, Летонија, Турција и Унгарија.

Од друга страна, во Велика Бритнија, Белгија, Бугарија, Италија, Полска, Словачка, Словенија, Чешка и Шпанија проституцијата е легална, но не е регулирана.

Интересни се случаите во Ирска, Исланд, Норвешка, Франција и Шведска, каде проституцијата е легална, но се предвидени казни за клиентите. Највисоката казна е пропишана во Норвешка и изнесува 2.700 евра, додека во Франција клиентите на проститутките се казнуваат по 1.500 евра.

Би можело да ве интересира

Мајка ја подведувала својата малолетна ќерќа на проституција

Поранешен директор на модна компанија од САД е уапсен поради меѓународна проституција

(ВИДЕО) Откриена е криминална група за посредување во проституција и илегална трговија со дрога

Горан Наумовски

Во Србија: Мајка ја принудувала малолетната ќерка на проституција

Тинејџери во Германија организирале проституција, подведувале пет 14-годишни девојчиња и едно момче

А1он

Елитна проституција откриена во популарно кафуле