Карпентер: Подготвени сме да го продолжиме дијалогот со Русија за безбедносните гаранции во Европа

Од:

Американската администрација е подготвена да го продолжи дијалогот со Русија за безбедносните гаранции во Европа, изјави постојаниот претставник на САД во ОБСЕ Мајкл Карпентер.

Тој рече дека руската страна на американската и ја пренела желбата да ги продолжи разговорите за „неделива безбедност“.

– И ние сме подготвени да ги поддржиме тие разговори, рече Карпентер.

На 17 декември 2021 година, Министерството за надворешни работи на Русија објави нацрт-договори со САД за безбедносни гаранции, како и договори за мерки за обезбедување на безбедноста на Русија и земјите-членки на Северноатлантската алијанса.

Документот, меѓу другото, вклучува одредби за меѓусебно нераспоредување на ракети со среден и краток дострел во меѓусебен дострел, откажување од натамошно проширување на НАТО на поранешните советски републики и намалување на бројот на воени вежби.

Преговорите се водеа на почетокот на јануари во три формати: САД-Русија, Советот Русија-НАТО и во рамките на ОБСЕ.

САД потоа доставија одговор до Русија за нејзините предлози за безбедносни гаранции, а руската страна нагласи дека нема одговор за најважното прашање што ја загрижува Русија – натамошното проширување на Алијансата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

Алаудинов: Зеленски ќе мора да потпише безусловна капитулација

Најмалку осум лица се повредени во руските напади на Запорожје во Украина