Карни: САД не потврдија дека сирискиот режим употребил хемиско оружје против својот народ

Од:

САД не успеаја да потврдат дека режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад употребувал хемиско оружје против својот народ, соопшти Белата куќа.

-Треба да се изврши истрага. Го следиме развојот на овој случај и не дојдовме до заклучок дека употребувале хемиски оружја, рече портпаролот на Белата куќа, цитиран од француските медиуми.

„Важно е да направиме се што е можно за да ја проследиме, истражиме и провериме секоја изјава, достојна за доверба, имајќи ги предвид огромните последици за Сиријците, како и јасниот став на претседателот Барак Обама деја употребата на хемиско оружје е неприфатливо“, рече Џеј Карни на редовната прес конференција во Белата куќа.

Тој ова го кажа откако висок израелски воен аналитичар во Израел изјави дека сириските владини војски повеќе пати употребиле хемиско оружје во граѓанската војна, почната пред две години.

Карни напомена дека САД сакаат истрага на ОН за евентуалната употреба на хемиски оружја од Сирија.

-Режимот на Асад ја блокира оваа истрага и тоа покажува за недостиг на добра волја кај овој режим, посочи тој.

Би можело да ве интересира

Гејтс донираше огромна сума пари за Камала Харис, истото го направија и други американски милијардери

Горан Наумовски

ВИДЕО: Масакр кај Сиетл,15-годишник уби петмина

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Се урна хеликоптер, неколкумина загинати, меѓу кои и дете

А1он

САД се загрижени се можното присуство на севернокорејски војници во Украина

Несреќа во САД: Се урна пристаниште, најмалку седум загинати

САД се заканија, а Нетанјаху ги зголеми испораките на хуманитарна помош во Газа