Карни: Она што се случува денес не ги менува фактите – Русија ќе ја загуби војната

Од:

Канадскиот премиер Марк Карни го осуди жестокиот напад на Русија врз Украина во текот на ноќта, велејќи дека тоа не го менува фактот дека Русија на крајот ќе ја изгуби војната.

Карни ја објави својата изјава на социјалната мрежа X.

Карни истакна дека Русија, и покрај континуираните напади врз енергетската инфраструктура, училиштата, болниците и станбените згради на Украина, продолжува да ја потценува храброста, решителноста и силата на украинскиот народ.

„Ја повикуваме Русија веднаш да ги запре овие напади и да ја прекине оваа нелегална војна на агресија. Ова само го продолжува човечкото страдање, но тоа не го менува фактот дека Русија ќе ја изгуби оваа војна. Канада ќе продолжи тесно да соработува со меѓународните партнери за да воспостави праведен и траен мир за Украина и Европа“, рече канадскиот премиер.

Во текот на ноќта, Русија изврши нов комбиниран напад врз Украина, користејќи балистички ракети и беспилотни летала.

Главната цел на нападот беше Киев, каде што едно лице беше убиено, а 44 беа повредени.

Само еден ден претходно, украинскиот претседател Володимир Зеленски им се обрати на своите американски и европски партнери. Тој ги предупреди дека разузнавачките информации покажуваат дека Русија подготвува комбиниран напад, кој би можел да ја вклучи и балистичката ракета со среден дострел „Орешник“.

Би можело да ве интересира

Трамп: Русија е голема машинерија, тие едноставно продолжуваат да напредуваат

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

Зеленски: Русија нападна повеќе од 15 енергетски објекти во Украина

Порака на Мерц до САД: Замрзнатите руски пари остануваат во Европа

Дмитриев: Одлуката на САД за суспендирање на санкциите против Русија е важен историски момент

Горан Наумовски

Украина ги обнови воздушните операции, Москва и Санкт Петербург се главните цели