Карл Билд: Хистерична дебата околу Русите

Од:

Шведска не беше цел на руските воздухопловни вежби, кои неодамна предизвикаа голема дебата околу одбранбената готовност на Шведска, изјави шефот на шведската дипломатија Карл Билд, кој дебатата во шведските медиуми околу ова прашање ја нарекува „хистерична“.

– Не постои никаква намерна основа да се тврди дека руските воени авиони вежбале против Шведска, вели Билд.

Неодамна голем медиумски публицитет доби веста дека руски бомбардери и ловци извршиле фингиран напад против Шведска, при што шведски воени воздухоплови „Јас Грипен“ воопшто не полетале во акција на пресретнување, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Руските воздушни вежби се случиле кај островот Готска Сандон на оддалеченост од 30-40 километри блиску до шведска територијална граница.

Шведската одбрана требала да има најмалку два Грипен-авиони за да ги пресретне неидентификуваните летала, но ниеден шведски авион не бил во готовност да полета.

Алармот бил активиран кај НАТО, така што два дански авиона полетале од Литванија и ги следеле Русите на дистанца.

Карл Билд идната недела ќе има средба со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Притоа Билд нема намера да постави прашање во врска со споменатите руски вежби.

– Не. Забележани се и други слични вежби во последните две години, потенцира Карл Билд за „Свенска дагбладет“.

Би можело да ве интересира

Повеќето од жртвите на масакрот во Шведска се имигранти, сè сугерира дека нападот не е случајност

Државјанка на БиХ e убиена во масовно пукање во Шведска, нејзин сонародник е тешко ранет

Горан Наумовски

Убиецот од Шведска кој направи масакр: Со години носеше качулка и ги држеше рацете преку устата

А1он

Млад маж од Босна и Херцеговина e ранет во пукањето во училиштето во Шведска

Горан Наумовски

Шведска: Најмалку 11 лица загинаа во пукање во училиштето во Оребро

Горан Наумовски

После масакрот во Шведска: Извршени се рации на повеќе локации во Оребро