Капсулата Спејсекс го транспортираше новиот екипаж до Меѓународната вселенска станица

Од:

Капсулата на компанијата „Спејсекс“ со четворица астронаути денеска пристигна на Меѓународната вселенска станица (МСС) каде што астронаутите ќе останат до пролет.

Капсулата патувала 21 час од Вселенскиот центар на НАСА до станицата.

Таа превезе еден германски и тројца американски астронаути кои реагираа емотивно кога првпат ја здогледаа меѓународната станица на далечина од 30 километри. „Тоа е прилично фантастична глетка“, рече Раџа Чари, командант на капсулата „Драгон“.

„Лебди во воздухот и свети како дијамант. Сите сме прилично возбудени“, изјави германскиот астронаут Матијас Мауер.

Целиот лет на капсулата „Драгон“ беше автоматизиран, а Чари и пилотот Том Маршберн ги следеа системите на капсулата подготвени да ја преземат контролата доколку е потребно. Тие слетаа на 423 километри над источниот дел на Карибите.

На вселенската станица ги пречекаа тројца астронаути наместо седум како што беше планирано.

Спејсекс врати четворица астронаути од Меѓународната станица во понеделникот, откако лансирањето на капсулата со новиот тим беше одложувано неколку пати.

Еден астронаут од американската вселенска агенција НАСА и двајца руски астронаути останаа во станицата.

Новиот екипаж ќе ги помине следните шест месеци во вселенската станица и во тој период ќе биде домаќин на две групи туристи.

Би можело да ве интересира

Едно од најголемите вселенски летала на НАСА тргнува на патување од 2,9 милијарди километри

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Заглавените астронаути можно е да не да се вратат на Земјата до 2025 година

Предраг Петровиќ

Астронаути се заглавени во вселената, НАСА вели: Можеби нема да се вратат до 2025 година

Горан Наумовски

ВИДЕО: Астронаут на НАСА го сними разорниот ураган од вселената

Катерина Ѓуровски

Кинеското вселенско летало слета на темната страна на Месечината