Капетанот на „Коста Конкордија“ ја тужи компанијата сопственик на бродот

Од:

Капетанот на бродот „Коста Конкордија“, кој во јануари потона крај брегот на Тоскана, Франческо Скетино, поднесе тужба против компанијата сопственик на бродот.

Ризичниот и бесмислен маневар на капетанот е причина за ударот на бродот во крајбрежни карпи на островот Џило и неговото превртување, при што загинаа 32 лица.

Во јули компанијата „Коста Крочере“ го отпушти Скетино, кој во моментот ја очекува судската одлука за oтпочнување кривична постапка против него и уште петмина членови на екипажот и тројца високи службеници на компанијата сопственик на бродот.

Скетино поднесе жалба поради „бесправно отпуштање од работа“ со барање за враќање на работното место и ретроактивна исплата на платите.

„Коста Крочере“ во соопштение за медиумите го потврди отстранувањето од работа на капетанот, кој досега на компанијата и има нанесено штета од 450 милиони евра, без побарувањата за надомест од семејствата на жртвите.

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он