Канибал во кинеското метро

Од:

Кошмарна глетка сними  камерата на случаен патник во кинеското метро.

Пензионираниот учител од Куангџоу, Кина,  нападнал на крајно брутален начин младо момче во вагон од локалното метро, и го касал се  додека двајцата не биле облени во крв, пишува China Daily.

Патничка во метрото ја снимила ужасната сцена и ја поставила на сајтот China Weibo.

Учителот е 67-годишен маж, идентификуван како “Чен”. Жртвата , 28-годишно момче, идентификуван како “Ју”.

Крвавата пресметка започнала кога момчето го  поттурнал возрасниот човек за да седне до него.

Но веднаш Чен почнал да му држи лекции на Ју како младите треба да ги почитуваат постарите од нив.

Само малку подоцна , постариот маж го удрил момчето, што довело до сериозната физичка пресметка која  завршила со многу крв и канибалски моменти.

Во извештајот за случајот се споменува дека првично дел од патниците се обиделе да ја прекинат физичката пресметка, но многу брзо биле исплашени од брутално насилство и се повлекле.

На крајот повредите на Чен и Ју биле мали.

Поинтересно е што полицијата не подигнала обвинение кон ниту еден од двајцата учесници во крвавиот инцидент.

Видео од крвавата пресметка беше објавено во Youtube и подоцна отстрането поради кршење на правилата за шокантни и навредливи содржини.

Би можело да ве интересира

„Канибалски синџир“ дејствува во јужноафриканската провинција Квазулу-Натал

Ана Ололовска

Јадев човечко месо поради гнев и за одмазда, призна централноафриканец

Ана Ололовска

Скандал на ТВ Хепи: Канибал зборуваше каков вкус има човечкото месо

А1он

Објавено видеото од човекот со изгризано лице

Ана Ололовска