Во Папуа Нова Гвинеја покрената е голема потрага по 49 затвореници, кои побегнаа од затворот „Маданг“, меѓу кои и Стивен Тери, кого го викаат Црниот Исус.
Тој е водач на секта, осуден за педофилија и канибализам. Служеше казна од 10 години затвор за убиство на три девојки, на кои им изел одредени делови од телото и им ја пиел крвта. Тери имаше илјадници следбеници и армија чувари.
Тој проповедаше дека младите девојки мораат да се омажат за него. Сектата Црн Исус е осомничена и за ритуални жртвувања.
Полицијата соопшти дека избеганите криминалци од затворот се многу опасни и го повика локалното население да соработува, за што побрзо да бидат пронајдени.