Канерва: На Украина и е потребен мир

Од:

На Украина, прво и пред се, и е потребен мир, изјави денеска претседателот на Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), Илка Канерва.

Во обраќањето на 14-та зимска сесија на ПС на ОБСЕ, што започна денеска во Виена со учество на околу 270 пратеници од 56 земји-членки на оваа паневропска организаиција, Канерва ги повика двете страни во украинскиот конфликт да се воздржат од употреба на сила и да прекинат со пролевање крв во источна Украина.

Како што јави Хина, тој изрази надеж дека и украинските сили и проруските сепаратисти целосно ќе ги почитуваат Договорот во Минск, кој меѓу останатото предвидува прекин на огнот, повлекување на тешкото оружје од линијата на фронтот и решавање на разликите по мирен пат.

– Кризата во и околу Украина и неодамнешните терористички напади во Париз и Копенхаген покажуваат дека е неопходно удвојување на напорите за справување со тероризмот, рече Канерва.

Апел за почитување на примирјето во Украина упати и актуелниот претседавач со ОБСЕ, шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ, ков во обраќањето на сесијата ги осуди сите форми на злосторства, омраза, расизам, нетолеранција, антисемитизам и тероризам.

Дачиќ најави и дека ОБСЕ во јуни ќе организира меѓунаордна конференција посветена на борбата против тероризмот.

Би можело да ве интересира

Смирнов ја повика Русија да отвори истрага против Зеленски за тероризам

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Литванија е сомнителна кон Украинците мобилизирани од странство: Тие ќе се предадат или ќе дезертираат

Руски проектили ја погодија железничката инфраструктура во Харков, најмалку една жртва

(ВИДЕО) Вреќа со компир му го спаси животот на руски војник од украински дрон „камиказа“

Руската армија ја презеде контролата над Новобахмутовкa