Кандидатка на „Викиликс“ ја напушти партијата

Од:

Австралиската партија „Викиликс“ на Џулијан Асанж, која ќе учествува на изборите за Сенат, денеска се најде во криза откако една од водечките кандидатки ја напушти поради „разочарување од недостигот на демократичност“ во неа.


Лесли Канолд, експерт за етика, беше втор кандидат по ред на партијата „Викиликс“ за сенаторско место, веднаш по Асанж. Доколку оваа партија освои мандат во Парламентот на изборите на 7 септември, Канолд веројатно ќе го заземе местото на Асанж во Сенатот, ако тој не може да се врати во Австралија.


Таа најави дека и други членови ќе ја напуштат партијата. Веднаш по неа тоа го направил и Даниел Метјуз, еден од 11-те членови на националниот совет на партијата „Викиликс“, меѓу кои се и Асанж и неговиот татко Џон Шиптон.


– Се плашам дека моите искуства со оваа партија не се позитивни, истакна Метјуз по напуштањето, кој бил пријател со Асанж уште од факултет, и нагласувајќи дека му е жал што заминува под вакви околности.

Би можело да ве интересира

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

Двајца морнари загинаа во одделни несреќи на трката Сиднеј-Хобарт

(ВИДЕО) Запалена е синагога во Мелбурн, внатре имало верници, има и повредени

Горан Наумовски