Канадските министри ги проширија владините овластувања за полицијата во обид да ги запре протестите

Од:

Канадскиот премиер Џастин Трудо одлучи да и даде на владата вонредни овластувања за да ги запре протестите на камионџиите и незадоволните граѓани од мерките против коронавирусот.

Канадскиот министер за јавна безбедност Марко Мендичино изјави дека е време полицијата да почне да ги користи своите широки овластувања дадени со канадскиот Закон за вонредни ситуации.

-И дадовме нови овластувања на полицијата и таа сега ни треба да ја заврши работата, рече Мендичино, откако Трудо претходно соопшти дека законот и дозволува на владата да забрани блокади и да ги отстранува камионите, пренесуваат американските медиуми.

Официјалните лица не посочија кога и каде ќе почне пресметката со самопрогласениот „Конвој на слободата“ и дека се уште се разработуваат конечните детали за тоа каде ќе бидат забранетите зони.

Со проширените овластувања владата ќе може да забрани блокади на граничните премини, аеродроми и во главниот град Отава, да ги замрзне личните и деловните банкарски сметки на возачите на камиони и да ги суспендира нивните дозволи, јавуваат агенциите.

Можно е да се ангажираат и шлеп служби за отстранување на големите пречки од крстосниците и од населените места. Досега некои шлеп компании за не сакаа да соработуваат затоа што ги поддржуваа колегите или поради страв од насилство.

Од крајот на јануари, демонстрантите со камиони и други возила ги затворија улиците на Отава и го блокираа граничниот премин со САД незадоволни од обврската да ги вакцинираат возачите на камиони, како и од другите ограничувања, но и од премиерот Трудо.

Трудо ја донесе одлуката во услови на зголемена фрустрација од неуспехот на владата и еден ден откако Кралската канадска коњаничка полиција уапси 11 лица на блокираниот граничен премин во Кутс, во покраината Алберта, и им ги заплени залихите на оружје и муниција.

Најфреквентниот и најважниот граничен премин меѓу Канада и САД, мостот Амбасадор, од неделата повторно е отворен, откако полицијата уапси десетици демонстранти.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Канада најави брз одговор на заканите од Трамп

Повеќе од 150.000 Канаѓани потпишаа петиција за одземање на канадското државјанство на Маск

Силен земјотрес ја погоди Канада

(ВИДЕО) Авион се преврте на писта во Канада, нема жртви: „Висевме како лилјаци“

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски

Трамп: Царините од 25 отсто за Канада и Мексико ќе стапат на сила утре