Канадски авион се врати во Торонто поради бомбашка закана

Од:

Канадски авион бил принуден да се врати на аеродромот во Торонто, откако еден од патниците се заканил дека ќе активира експлозивна направа во леталото, соопшти американското Воено воздухопловство.

По изречатана закана, авионот на „Санвинг Ерлајнс“ во придружба на два ловци Ф-16 на американското Воено воздухопловство, се вратил во Торонто, од каде претходно полетал кон Панама Сити.

На аматерска снимка што се појави на интернет се гледа како по слетувањето на авионот во него влегуваат канадски полицајци кои викаат: „Наведнете ги главите, рацете горе!“

Во врска со инцидентот е уапсен еден 25-годишен Канаѓанец, кој е обвинет за закана за разнесување на авионот.

Еден патник во авинот за канадските медиуми изјави дека приведениот се налутил затоа што во фришоп понудата во авионот немало нкои производи што тој ги барал.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион итно евакуиран, има повредени

Предраг Петровиќ

Пронајдени две тела во опрема за слетување на авион JetBlue на аеродромот во Флорида

Боинг 737 на „Утер“ принудно слета на московскиот аеродром поради дефект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Авион во Канада принудно слета и се запали

Азербејџан тврди: Руска ракета го урна авионот на „Азербејџан ерлајнс“

Драма на небото над Белград: Авионот се судри со јато птици