Канада забранува носење на маски за време на протести – казни до 10 години затвор

Од:

Канадскиот парламент усвои закон со кој им се забранува на граѓаните да го кријат лицето во текот законски неодобрени собири и ќе бидат казнети дури до 10 години затвор.

Долниот дом на канадскиот парламент ја усвои оваа мерка откако повеќето пратеници гласаа за нацрт-законот кој ќе биде испратен до Сенатот. Владата вели дека законот се однесува за радикалните групи кои често носат маски, додека го кршат јавниот ред и мир на улиците. Но, тоа нема да важи за оние кои присуствуваат на мирни протести.

Опозициските пратеници не ја одобруваат оваа мерка, ја сметаат за непотребна бидејќи кривичното закон веќе одредил мерки.

„Полицијата веќе ги има сите потребни средства, го видовме тоа во Квебек”, рече Том Мулкер, лидерот на Нова демократска партија, во средата.

„Тоа е игра која ја играат конзервативците. Го гледаме тоа и разбираме што намераваат, тоа е дел од нивниот т.н..”Закон и ред” план – Но нема никаква врска со него. Тоа е постојано угодување на базата на Реформската партија. Ќе гласаме против, знаеме дека кривичниот закон е доволно јасен во врска со ова прашање, знаеме дека полицијата има средства кои им се потребни, ние нема да учествуваме во тоа”.

Во меѓувреме, лидерот на Либералите Боб Реј вели дека законот има големи импликации.

„Мислам дека луѓето не ги сфаќаат импликациите. Од кога носењето на капа ниско на лицето се смета за маска”, праша Реј во средата.

„Дали ќе им забраниме на луѓето да се појават на протест затоа што носат бурка? Дали ќе кажеме дека кога е ладно, луѓето не можат да носат капа?”

Би можело да ве интересира

Девојка изгорела во индустриска печка во Волмарт, нејзиното тело го пронашла нејзината мајка

Канада ги повлекува децата на своите дипломати од Израел

Горан Наумовски

Канада ја прогласи Иранската револуционерна гарда како терористичка организација

Пукање во Торонто, тројца мртви, меѓу нив e и убиецот

Канаѓаните се предупредени: Не користете TikTok

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Четворица загинати предизвикана од ограбувач на банка во Торонто