Канада воведе нови санкции кон Русија

Од:

Канадската Влада денеска воведе нови санкции против руски официјални претставници, банки и компании, поради поддршката на официјална Москва на проруските сили на истокот на Украина.

Канадскиот премиер Стивен Харпер изјави дека „продолжувањето на илегалната окупација на украинскиот Полуостров Крим и провокативната воена активност на Русија на истокот на Украина и натаму многу ја загрижуваат Канада и остатокот од меѓународната заедница“.

Со новата  рунда канадски санкции ќе бидат опфатени највисоките претставници на руските безбедносни и разузнавачки органи, претседателот на Чеченија и неколку деловни луѓе.

На списокот на санкционирани се најдоа и неколку руски банки, авиокомпанијата „Добролет ерлајнс“, бродоградилиштето „Јунајтед шипбилдинг корпорејшн“, како и лидерите на проруските сили на истокот на Украина.

Харпер наведе дека канадската Влада е „посветена и на воведувањето на неопходни мерки за ограничување на извозот на технологија што Русија ги користи во секторот истражување и експлоатација на нафтата“.

– Овие санкции ќе ги воведеме истовремено со нашите сојузници, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија