Канада со нови персонални санкции против Русија

Од:

Канада воведува нови персонални санкции против руски официјални лица и олигарси, јавија синоќа од кандаското МНР.

Новите мерки се воведуваат под регулативата за специјални економски мерки (Русија) а во одговор на незаконската и неоправдана инвазија на рускиот режим на Украина, велат од МНР.

-Новите мерки воведуваат рестрикции за 14 блиски соработници на рускиот режим, вклучувајќи руски олигарси и членови на семејствата. Вклучени се и двете возрасни ќерки на претседателот Путин, се вели во соопштението.

Санкционирана е и сопругата на министерот за надворешни работи Сергеј Лавров. Меѓу новосанкционираните се и министерката за финансии Елвира Набуилина, како и олигарсите Пјотр Авен, Михаил Фридман и Михаил Гуцериев.

Канада напоменува дека според експерстки извештај во рамките на Московски механизам на ОБСЕ се дознава дека во Украина „руските сили извршиле сериозни злодела и кршење на човековите права, вклучувајќи воени злосторства и најверојатно злосторства против човештвото“.

-Нашите акции покажуваат дека Канада нема да попушти во тоа рускиот претседател Владимир Путин и неговите соработици да се повикаат на одговорност за соучество во злочинот со инвезијата на рускиот режим на Украина, се вели во соопштението.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Руската одбрана уништи украински беспилотни летала над Русија

Трамп: Царините од 25 отсто за Канада и Мексико ќе стапат на сила утре

„Њујорк тајмс“: Бројот на Севернокорејци во Курск е преполовен

Орбан: Будимпешта нема проблем со „филозофијата на санкции“ кон Русија

Песков: Русија сака Србија да ги реши сите проблеми што е можно поскоро и да се врати на мирен развој

Медиуми: На Велигден ќе се прогласи крај на војната во Украина