Канада се придружи на санкциите против Русија

Од:

Канада вчера воведе санкции против уште 12 руски и украинско службеници по референдумот во источниот дел на Украина, на кој граѓаните на Доњецката и Луганската област со големо мнозинство гласови изгласаа независност од Украина.

– Објавуваме воведување санкции против дополнителни шест руски и исто толку украински лица кои се одговорни за руското кршење на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, изјави канадскиот премиер Стивен Харпер.

Санкциите се однесуваат на заменикот началник на рускиот Генералштаб Вјенчеслава Долодина, вршителот на функцијата гувернер на Севастопол, неколку членови на руската Дума и неколку лидери на проруските бунтовници во Украина, кои исто така се наоѓаат на листата санкционирани од страна на САД и ЕУ.

Официјален Брисел вчера додаде 13 руски службеници на листата со лица на кои претходно им беше замрзнат имотот и забранет влез на територија на ЕУ, како дел од притисокот на Русија пореди санкциите во Украина.

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија