Канада одлучи да го испрати во Калифорнија членот на својот парламент, Пабло Родригес за да спречи потенцијални мигранти во обидот илегално да преминат граница по одлуката на Вашингтон да се укине статусот на заштитени лица на околу 200 илјади државјани на Салвадор, кои живеат во САД.
Жителите на Салвадор добија таков статуис по земјотресот во 2001 година.
Американската администрација во понеделникот соопшти дека тој привремен статус изминува во септември 2019 година.