Канада предупредува на насилна онлајн реторика

Од:

Канадското разузнавање изрази загриженост поради порастот на насилната, идеолошки мотивирана онлајн реторика, за која делумно ги обвини тензиите предизвикани од пандемијата на Ковид-19.

Канадската безбедносна разузнавачка служба (CSIS) соопшти дека од почетокот на пандемијата, заканите на екстремистите „невидено еволуирале“.

Се вели дека Ковид-19 ги влошил постоечките видови на ксенофобија и антиавторитаризам.

Насилните екстремисти ја искористија пандемијата за ширење лажни информации за владините мерки и вирусот, се вели во соопштението.

ЦСИС соопшти дека од 2014 година, луѓето мотивирани од екстремистички идеолошки ставови во Канада убиле 25 луѓе, а раниле 41.

Во јуни, четворица членови на канадско муслиманско семејство беа прегазени и убиени од маж во камион, во напад за кој полицијата рече дека бил поттикнат од омраза.

Би можело да ве интересира

Што ќе значат новите царини за економиите на САД, Канада и на Мексико

Катерина Ѓуровски

Канада може да го прекине пристапот на САД до енергенси

ВИДЕО: Трамп воведе нови царини за Канада и Кина,Трудо и Џипинг веднаш возвратија

Катерина Ѓуровски

Канада најави брз одговор на заканите од Трамп

Повеќе од 150.000 Канаѓани потпишаа петиција за одземање на канадското државјанство на Маск

Силен земјотрес ја погоди Канада