Канада повторно одби да го прими поранешниот каталонски лидер Пуџдемон

Од:

Канадската Влада повторно одби да му одобри влез на своја територија на поранешниот лидер на Каталонија, Карлес Пуџдемон. Тој требало да ја посети Канада на покана од сепаратистичка организација во Квебек, соопшти канадскиот адвокат на Пуџдемон, цитиран од агенциите.

И изминава пролет Пуџдемон мораше да ја откаже посетата на Канада, кога му беше врачено првото одбивање.

Неговиот адвокат Стефан Хандфилд денеска кажа дека, согласно поднесените обвиненија во Шпанија, имиграциската служба проценила дека на Пуџдемон има мотив да му го одбие влезот на канадска територија.

По неуспешниот обид за прогласување независност на Каталонија, во 2017 година, Пуџдемон живее во егзил во Белгија. Шпанската Влада издаде меѓународна потерница за негово апсење за хаосот што го предизвика во покраината и за присвојување државни средства. Адвокатите на Пуџдемон вчера пред суд во Белгија го обжалија барањето на Мадрид за негова екстрадиција. За предметот ќе се одлучува на 16 декември.

Би можело да ве интересира

Кина воведува царини за Канада

(ВИДЕО) Пукање во Торонто: Осомничениот во бегство откако рани најмалку 12 луѓе

Трудо: Трговската војна би можела да продолжи во догледна иднина

Трамп ги паузира и царините за Канада

Трудо: Трамп сака целосен колапс на нашата економија за да може полесно да нè припои

Горан Наумовски

Трамп: На американските банки не им е дозволено да работат во Канада