Канада планира да испрати дополнителни војници во Полска и балтичките земји

Од:

Канада е „многу загрижена поради руските закани“ и планира да испрати воено засилување во Полска и балтичките земји поради регионалната безбедносна ситуација, изјави министерката за одбрана Анита Ананд за време на посетата на Летонија.

– Мора да размислиме за испраќање дополнителни војници од Канада во Полска и балтичките земји, рече таа за време на посетата на базата Адази, во која е сместена тактичката група на НАТО која е под команда на Канада.

Присуството на Канада во балтичкиот регион е „важно“, нагласи министерката, потсетувајќи дека тактичката група која моментално е стационирана во Летонија го претставува најголемото воено присуство на Канада во странство.

САД завчера најавија распоредување на 3.000 дополнителни војници за зајакнување на военото присуство на НАТО во Источна Европа, поради распоредувањето на 100.000 руски војници и тешко вооружување на границата со Украина.

Канада и помага на украинската војска и обезбедува мисија за воена обука како дел од операцијата UNIFIER започната во 2015 година.

Би можело да ве интересира

Девојка изгорела во индустриска печка во Волмарт, нејзиното тело го пронашла нејзината мајка

Канада ги повлекува децата на своите дипломати од Израел

Горан Наумовски

Канада ја прогласи Иранската револуционерна гарда како терористичка организација

Пукање во Торонто, тројца мртви, меѓу нив e и убиецот

Канаѓаните се предупредени: Не користете TikTok

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Четворица загинати предизвикана од ограбувач на банка во Торонто