Канада го затвори својот воздушен простор за руските авиокомпании

Од:

Воздушниот простор на Канада е затворен за сите руски авиокомпании, изјави денеска Омар Алгабра, министер за транспорт на Канада.

– Решението стапува во сила веднаш и канадскиот воздушен простор е затворен за сите руски воздухопловни оператори. Ќе ја повикаме Русија на одговорност за своите неиспровоцирани напади против Украина, изјави денеска Алгабра.

Канада се придружува на повеќе европски земји како Германија, Италија и Франција, но и повеќе источноевропски земји како Полска, Чешка, Романија и Бугарија, кои најавија или го затворија нивниот воздушен простор за руски авиони и авиокмпании, а во одговор на инвазијата на Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Руската одбрана уништи украински беспилотни летала над Русија

Трамп: Царините од 25 отсто за Канада и Мексико ќе стапат на сила утре

„Њујорк тајмс“: Бројот на Севернокорејци во Курск е преполовен

Орбан: Будимпешта нема проблем со „филозофијата на санкции“ кон Русија

Песков: Русија сака Србија да ги реши сите проблеми што е можно поскоро и да се врати на мирен развој

Медиуми: На Велигден ќе се прогласи крај на војната во Украина