Канада целосно ги поддржува ракетните удари на САД во Сирија

Од:

Канадскиот премиер Џастин Трудо изјави денеска дека неговата земја целосно ги поддржува нападите на САД во Сирија.

Трудо истакна дека Канада ја осудува секоја употреба на хемиско оружје, наведувајќи дека земјата ќе продолжи да ги поддржува дипломатските напори за решавање на кризата во Сирија.

– Користењето на хемиско оружје од страна на сирискиот претседател Башар ал Асад и злосторствата извршени од сирискиот режим врз народот во земјата не можат да бидат занемарени, нагласи канадскиот премиер.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија