Канабисот во Кембриџ е „речиси легализиран“

Од:

Канабисот и користењето на оваа дрога, во делови од Кембриџ, се „речиси легализирани“, тврди Каир Сара Браун, член на градскиот совет на овој стар и угледен универзитетски центар во Велика Британија.

Според неа, „невозможно е да се помине пеш, стотина метри низ една посетена зона од Кембриџ, полна со кафулиња и трговски продавници, а да не се почувствува мирисот на оваа дрога.

Тоа е дел од градот што секогаш е полн со студенти. На седница на градската управа, Кеир Браун побара од полицијата да се ангажира многу повеќе во спречувањето на дистрибуцијата, продавањето и купувањето и земањето на дрогата.

Советничката смета дека поради незаинтересираноста на градската управа и на полицијата,еден дел од градот е претворен во вистинско гето во кое лесно може да се најде и да се пуши канабис.

Канабисот во британското законодавство се третира како дрога од втора категорија, за разлика од кокаинот и хероинот кои се првата, па најголем број од оние кои ќе се фатат со извесна доза канабис или како го употребуваат, не завршуваат во затвор. Откритието на овој советник,предизвика незадоволство кај дел од жителите на квартот, а посебно е осудено од локалниот бизнис, кој смета дека означувањето на тој дел од Кембриџ како „наркоманска зона“ може да им наштети на фирмите и бизнисите кои делуваат во тој реон.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот