Кампањата за однесување на базени, критикувана како дискриминација кон бегалците

Од:

Водичот за однесување на бегалците на јавни базени кој што предизвика остра полемика на социјалните мрежи и во медиумите бил печатен пред бегалската криза во 2013 година, објави претставник на градот Минхен.

Брошурата на која што се дава упатство како да се однесуваат посетителите на јавни места каде што има жени облечени во костими за капење, не е направена специјално за бегалците туку за сите граѓани кои што се однесуваат нападно и агресивно, тврдат локалните власти во Минхен откако беа обвинети дека со брошурата се дискриминираат бегалците.

Сликите на кои се гледа црвен крст преку рака која што се обидува да фати жена облечена во костим за капење беа објавени паралелно со забраната со која во малиот град Борнхајм не им се дозволува на бегалците да го користат јавниот базен.

Забраната која беше донесена поради сексуалните напади во Келн и други германски градови за нова година од страна на мигранти со арапско и блискоисточно потекло беше повлечена откако беше критикувана од граѓани и организации како дискриминаторна мерка против бегалците.

Би можело да ве интересира

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Месечната социјална помош на едно сириско семејство од 6.000 евра предизвикаа големи полемики во Австрија

Предраг Петровиќ

УНХЦР: 186.000 мигранти и бегалци пристигнаа во земјите од јужна Европа

Ердоган и Киличдароглу не сакаат Турција да е „магацин“ за сириските бегалци

Горан Наумовски

УНХЦР: Во 2022 година 100 милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови

Стотици сириски бегалци кои живееја во Либан се вратија во нивните домови

А1он