Камингс: По изборите во Велика Британија можно е ниту една партија да нема мнозинство во парламентот

Од:

Изборите на 12 декември може да доведат до уште еден парламент каде ниту една партија нема да располага со мнозинство, тврди Доминик Камингс, главен советник на британскиот премиер Борис Џонсон, пренесоа британските медиуми.

Конзервативната партија на Џонсон има сериозна предност пред опозицијата предводна од лабуристите на Џереми Корбин, иако таа во последните денови е намалена.

– Верувајте ми, како на некој кој работел многу предизборни кампањи, нештата се многу потензични отколку што изгледаат на прв поглед и има реална можност да добиеме „израмнет парламент“, рече тој, имајќи предвид нефункционален парламент во кој ниедна партија нема да располага со мнозинство.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот