Камерон во Либија на изненадна посета

Од:

Британскиот премиер, Дејвид Камерон пристигна изненадно во Триполи, Либија, покрај заканите до британската амбасада и конзулати. Неговата посета е за да ја поддржи Арапската пролет и новата либиска влада, која се уште се обидува да добие авторитет.

Камерон вети поголема помош на земјата за да воспостави демократија после декади во диктаторство. При посетата на полициски универзитет надвор од Триполи, тој рече: „Додека градите нова Либија, Велика Британија ќе ви е најголем пријател. Со вас сме во секој чекор.“

Потоа беше на плоштадот Мартир во Триполи, каде се состана со некои од младите револуционери кои ја водеа Арапската пролет, како и со Мерват, фотографка која ги фотографираше злочините за време на револуцијата.

Британскиот премиер се состана со либискиот министер за внатрешни работи, а ќе се состане и со либискиот премиер. Ова не му е прв пат да ја посети Северна Африка, но тој е првиот британски премиер кој ја земјата откако стана независна во 1962 година.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот