Камерон: Руските трупи се неприфатливи во Украина

Од:

Присуството на руски трупи на украинска територија е „неправедно и неприфатливо“, изјави денеска британскиот премиер Дејвид Камерон.

-Русија, се чини,  се обидува да ја натера Украина да се откаже од своите демократски определби, рече Камерон во британскиот Парламент, пренесоа британските медиуми.

Британскиот премиер ја предупреди официјална Москва дека нејзиниот однос со остатокот од светот во иднина ќе биде „радикално поинаков“ доколку Русија продолжи со сегашната  политика во Украина.

Додека шефовите на западните сили најавуваат нови санкции кон Русија, сметајќи ја за одговорна за кризата на истокот на Украина, официјален Кремљ потсетува дека Украина и Русија не се во војна, туку судирите на проруските и владините сили на истокот се внатрешно прашање на Украина, кое треба да го реши официјален  Киев доколку за тоа има волја.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми