Камерон: Нема воено решение за кризата во Сирија

Од:

Кризата во Сирија може да биде решена само со политички средства, изјави денеска британскиот премиер Дејвид Камерон.

– Велика Британија ќе продолжи да вложува напори за изнаоѓање мирно политичко решение за кризата во Сирија, истакна Камерон, додавајќи дека военото решение не е начин за ставање крај на насилството во оваа блискоисточна земја.

Камерон нагласи дека Лондон ќе продолжи да и дава полиитчка поддршка на „умерената сириска опозиција“, повторувајќи дека Велика Британија нема да учествува во евентуална воена интервенција во Сирија.

– Немам апсолутно никакви планови да бара повторно изјаснување на Долниот дом за прашањето за воената интервенција, истакна Камерон.

На 29 август Камерон доживеа неочекуван пораз во Парламентот, кога пратениците го отфрлија неговиот предлог за вклучување на Велика Британија во најавуваната воена интервенција во Сирија, предводена од САД.

Би можело да ве интересира

Анкета: Рекорден број Американци се идентификуваат како ЛГБТК+

Судот го одобри планот на Трамп: Вработените во УСАИД одат на принуден одмор

Маск со уцена до Киев: Договор за минералите или нема повеќе Старлинк

Чистката во војската: Трамп го отпушти највисокиот генерал

Предраг Петровиќ

Путин до рускиот банкар: Илон Маск ќе и се врати на науката., здружете ги силите со него

Предраг Петровиќ

Путин за моќното оружје: Температурата на боевата глава е иста како температурата на површината на Сонцето

Предраг Петровиќ