Камерон нема да го менува министерот за финансии Џорџ Озборн

Од:

Кабинетот на британскиот премиер Дејвид Камерон ги отфрли,како неточни написите во лондонските медиуми за тоа дека се подготвува смена на министерот за финансии Џорџ Озборн.

Во прилозите во текот на велигденските празници, некои весници најавија дека Озборн би можел да биде заменет со сегашниот министер за надворешни работи Вилијам Хејг, или со министерот за одбрана Филип Хамонд.

Претставник на Даунинг стрит 10 изјави дека позицијата на Озборн е „силна“ и тој останува на таа функција до следните парламенарни избори, предвидени за мај 2015 година.

Според истиот извор, позицијата на министерот за финансии е засилена во поледно време,откако се појавија првите знаци за заздравување на домашната економија која најдолго од сите главни светски економии, се наоѓа во стагнација.

Шпекулаците се појавија од редовите на десното крило на владеачката Конзервативна партија,кога еден „висок функционер“ на ториевците, чиј идентитет не се соопштува, изјави за „Сандеј телеграф“ дека „Озборн е проблемот за конзервативците“.

Поддржувачите на актуелниот министер за финансии ги бранат неговите постигнувања. Од 2010 година, откако е на функцијата тој успеа да го намали корпорацискиот данок, од дотогашните 28 на 23 отсто, зголемувајќи ја на тој начин конкурентноста на британската економија и атрактивноста за вложување во Велика Британија. До 2015 година,се предвидува корпорацискиот данок да се намали до 20 отсто,со што земјата ке има најнизок ваков данок меѓу најголемите и најмокните светски економии.

Експерти во Сити проценуваат дека тоа на бизнисот ке му спаси преку две милијарди фунти во наредните четири години.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски