Камерон најави соработка со Пакистан во борба против тероризмот

Од:

Британскиот премиер Дејвид Камерон на средбата во Исламабад со пакистанскиот премиер Неваз Шариф најави соработка во борба против тероризмот и за воспоставување на мир во Авганистан.

– Велика Британија и Пакистан треба да ги зголемат напорите за искоренување на екстремизмот и тероризмот, наведе Камерон.

Тој посочи дека „заеднички интерес на Авганистан и на Пакистан е взаемно да ги гарантираат стабилноста и благосостојбата“.

– Мировниот процес треба да ги вклучи сите засегнати страни и да биде раководен од Авганистан, наведе Шариф.

Камерон вчера во Кабул се сретна со претседателот на Авганистан, Хамид Карзаи.

Би можело да ве интересира

155 патници се спасени од воз киднапиран од пакистански сепаратисти

Вооружени напаѓачи убија седум патници во автобус во југозападен Пакистан

Имран Кан e осуден на 14 години затвор

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати