Камерон: Нацрт договорот со ЕУ нуди „значајни реформи“

Од:

Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави денеска дека нацрт-договорот за реформите во ЕУ, како што побара Британија, нуди „значителни промени“ кои се во основите на она што го бараше Лондон, за уредување нови однсои со Унијата.

Според Камерон, се уште остануваат да се доработат деталите пред Самитот на ЕУ на 18 и 19 февруари на кој ќе стане збор за новиот британско-европски договор но и за промените што им ги понуди Брисел на сите земји членки.

Изјавата на Камерон доаѓа по објавувањето на нацрт-договорот од страна на претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, како што двајцата се договорија, на преговoрите во неделата вечерта во Даунинг стрит 10 и 24 часa подоцна, по продолжувањето на преговорите од правните експерти од двете страни.

Во нацрт-договорот што го објави Туск е предвиден механизмот за „кочници во вонредни ситуации„ кои би го користела Британија околу блокирањето на социјалните бенифиции за мигрантите од земјите на ЕУ.

Со овој овој договор е предвидено четири годишната блокада за европските мигранти би почнала да се применува уште веднаш по референдумот за останување на Британија во ЕУ, онака како што тоа го бараше Камерон.

Останува одредбата дека за британската блокада за мигрантите ќе биде потребна согласноста на земјите членки на ЕУ, но британската страна успеа да издејствува за себе право, социјалните бенифиции по поминатите четири години да може да се користат само доколку корисниците останат да работат и да живеат во Британија.

Тоа значи дека тие не ќе може да ги користат британските социјални бенифиции живеејќи во сопствните земји, или во некоја друга, повикувајќи се на тоа дека се државјани на ЕУ.

Евроскептиците и ториевците ки се против останувањето на Британија во ЕУ не се согласуваат со ваквиот договор на Лондон со Брисел, тврдејќи дека ништо суштински ново не и нуди на Британија.

Доколку договорот помина на Самитот за помалку од три недели, многу е веројатно дека Дејвид Камерон ќе го организира референдумот за ЕУ во текот на јуни годинава, наместо до крајот на 2017 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големи поплави во дел од ЕУ, се евакуира населението, се зголемува бројот на загинати

Горан Наумовски

Украина доби 1,9 милијарди евра од ЕУ

Балтичките земји ја повикаа ЕУ да изгради одбранбена линија со Русија и Белорусија

Горан Наумовски

Украина и Молдавија официјално ги отворија пристапните преговори со ЕУ

Горан Наумовски

Писонеро: Македонија мора да го искористи моментумот кој постои за проширувањето со цел да продолжи решително на нејзиниот ЕУ пат

ЕУ ги отвори пристапните преговори со Украина

Горан Наумовски