Камерон ја користи Олимпијадата за привлекување инвестиции

Од:

Британскиот премиер Дејвид Камерон го искористи денеска одржувањето на Олимписките игри во Лондон за да се обиде да привлече милијарда фунти странски инвестиции во настојување да ја извлече земјата од рецесија.

„Велика Британија повторно е отворена за бизнис секторот“, рече Камерон на отворањето на светската конференција за инвестиции во Лондон во пресрет на отворањето на Олимписките игри.

Неговото обраќање на лидерите на меѓународните организации, уследи ден откако официјалните податоци покажаа дека британскиот БДП е намален за 0,7 отсто во вториот квартал во однос на првите три месеци на оваа година.

„Нека оваа олимписка година биде голема година за вашиот бизнис овде во Велика Британија“, рече Камерон на инвестициската конференција, прва од 18 деловни состаноци кои ќе бидат одржани за време на Олимписките игри за да се искористи присуството на илјадници светски лидери, креатори на политиките и инвеститорите во британската престолнина.

Британската Влада соопшти дека се надева оти за време на Олимпијадата ќе постигне договори во вкупна вредност повеќе од една милијарди фунти, и од уште 13 милијарди фунти во следните две до три години.

Самите Олимписки игри ја чинат Велика Британија 9,3 милијарди фунти, над четири пати повеќе од првичните прогнози.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство