Камерон и Туск не постигнаа согласност за нацрт договорот меѓу Британија и ЕУ

Од:

Британскиот премиер Дејвид Камерон и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск не успеаја синоќа да се согласат за нацртот на договорот меѓу Лондон и Брисел, околу новите односи на Британија и ЕУ.

По средбата и работната вечера во Даунинг стрит 10, во Лондон, Камерон и Туск потврдија дека „се уште нема согласност“ за договорот.

Постоше надеж дека по средбата Камерон-Туск, некаков предлог-договор би можел да им биде понуден на другите европски лидери, уште во текот на денешниот ден, за да може тие да се изјаснат за него до следниот Самит на ЕУ, на 18 и на 19 февруари.

Во Лондон се верува дека доколку до тој датум се постигне договор за британските барања за реформирање на ЕУ, премиерот Камерон би можел референдумот за останување или за напуштање на Унијата да го организира уште во текот на оваа, а не до крајот на идната година.

По синоќешните разговори, Камерон напиша на Твитер дека разговорите со Туск, сепак, биле „продуктивни“ како и дека претседателот на Европскиот совет се согласил за уште една средба, во следните 24 часа.

Лондонските медиуми откриваат дека тимот соработници на Туск кои допатувале со него во Лондон, останале во британскиот главен град преку ноќта, во нов обид за изнаоѓање компромис околу документот.
По истекот на рокот од 24 часови, ЕУ би можела да каже дали е постигнта согласност и дали она што е договорено може да се стави на масата како нацрт-договор.

Камерон инсистира мигрантите од земјите на ЕУ, дојдени во Велика Британија да работат и живеат, да не може да бараат социјални бенифиции во првите четири години.

Лондон верува дека со една ваква мерка ќе се намали напливот на имигранти од Унијата.

Во сегашната фаза од преговорите, Камерон инсистира предложениот проект на Брисел за „сопирачка во вонредни услови“ кога станува збор за мигрантите, да стапи во сила веднаш, по британскиот референдум, за да се уверат (евроскептичните) Британци во ефикасноста на европските механизми.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големи поплави во дел од ЕУ, се евакуира населението, се зголемува бројот на загинати

Горан Наумовски

Украина доби 1,9 милијарди евра од ЕУ

Балтичките земји ја повикаа ЕУ да изгради одбранбена линија со Русија и Белорусија

Горан Наумовски

Украина и Молдавија официјално ги отворија пристапните преговори со ЕУ

Горан Наумовски

Писонеро: Македонија мора да го искористи моментумот кој постои за проширувањето со цел да продолжи решително на нејзиниот ЕУ пат

ЕУ ги отвори пристапните преговори со Украина

Горан Наумовски