Камерон: Да се истражи шпионажата

Од:

Британскиот премиер Дејвид Камерон побара од Скотланд Јард да ги истражи наводите дека полицијата го шпионирала семејството на убиениот тинејџер во 1993 година, жртва на расистичкото злосторство во Велика Британија.

-Премиерот е длабоко загрижен од извештаите и побара Метрополитен полицијата веднаш тоа да го провери, соопштено е од кабинетот на Камерон.

Портпаролот на Скотлнд Јард соопшти дека поради наводите за шпионирање е покрената сеопфатна истрага.

Убиството на 18-годишниот Лоренс во 1993 година, во Лондон, во тоа време фрли ново светло на проблемот со расизмот во британското општество и државните институции, а официјалната истрага за целиот случај покажа дека институционалниот расизам ја кочел истрагата.

Како што пренесува „Гардијан“ поранешниот полицаец Питер Френсис изјавил дека бил дел од операцијата за шпионирање на семејството на убиениот тинејџер со африканско потекло, кој беше убиен од група млади луѓе на автобуска постројка.

Полицијата од самиот почеток мислела дека се работи за судир на две групи, а не за расистички мотивиран напад и убиство.

Поранешниот полицаец тврди дека во текот на операциите се преправал дека е активист против расизмот, со цел да дојде до информации кои би го дискредитирале семејството на убиеното момче.

Мајката на убиениот Стивен за „Гардијан“ изјави дека не смее да има оправдување во обидите нечие семејство и луѓето во негова близина да се дискредитираат.

Убиството дури по 18 години го доби судскиот епилог и неколку приговори со кои семејството Лоренс ги обвини инспекторите за расизам.

Во јануари 2012 година Гери Добсон и Дејвид Норис кои беа во групата која го уби Лоренс, се обвинети за убиство вра основа на нови форензички докази.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот