Камбоџа не дозволува никакво официјално претставништво на Тајван

Од:

Камбоџанскиот премиер Хун Сен денеска соопшти дека неговата држава нема да дозволи отварање на трговска мисија на Тајван во неговата држава и дека нема да дозволи никаква манифестација за претставување на Тајван како самостојна држава.

По денешната седница на Владата, Хун Сен соопшти дека дури и хотелите ќе добијат известување дека во Камбоџа не е дозволено поставување на тајвански знамиња .

Изјавата на Хун Сен дојде по вчерашната вест на онлајн изданието на „Тајпеи Тајмс“ дека властите во Пном Пен дале зелено светло за отварање на трговско претставништвово на Тајван во главниот град на Камбоџа.

Хун Сен ја потврди камбоџанската политика за признавање на „една Кина’’ и дека за него Тајван е само една од кинеските провинции. Тенденциите на Тајван и офцијално да добие статус на независна држава, според Хун Сен, не се работа што ја засега камбоџанската политика.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди Тајван

Тајван: Ако Кина сака наша територија, треба да побара и земја од Русија

Кина воведе санкции за шест американски компании за продажба на оружје на Тајван

Кина воено ја тестира својата способност да го окупира Тајван

Кина започна воени вежби во околината на Тајван

Горан Наумовски

Новиот претседател на Тајван и порача на Кина: Престанете да ни се заканувате