Калин: Договорот за извоз на украинското жито може да доведе до прекин на огнот

Од:

Портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин изјави дека Турција верува дека Договорот за извоз на жито од Украина може да доведе до прекин на огнот меѓу Москва и Киев.

– Не сакам да звучам премногу оптимистички, но Договорот всушност може да ја постави основата за доверба за која зборувавме претходно, што може да доведе до обновени преговори за прекин на огнот, за размена на затвореници, можеби, дури и до мировно решение, истакна Калин во интервју за Си-ен-ен.

Тој наведе дека е премногу рано да се каже што може да се случи, но ја нагласи потребата да се надгради Договорот.

Калин ја повика меѓународната заедница не само да го пофали постигнувањето на Договорот, туку и да се обиде да го надгради преку позитивни чекори.

Тој го коментираше и рускиот напад во саботата врз украинското пристаниште Одеса, посочувајќи дека Турција е во близок контакт и со Москва и со Киев.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Приносот на жито во Русија годинава достигна 130 милиони тони

Изгоре жито меѓу карбинските села Долни Балван и Трогерци

Лебот нема да поскапи следните два месеца, компаниите се жалат на проблеми со ликвидноста и со одлив на кадри

А1он

Полска го забрани увозот на украинско жито

Русија: Ќе го обновиме договорот за извоз на жито, но за 60 дена

Ердоган и Путин разговарале за можностите за извоз на други стоки по таканаречениот „коридор на жито“