Калибаф: Нацистите од 21 век мора да бидат запрени

Од:

Претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Бакер Калибаф, денес ги осуди израелските воени злосторства против иранскиот народ и Палестинците во Газа и изјави дека „нацистите од 21 век“ мора да бидат запрени.

„Газа не е само точка на картата, туку тест за човечката совест. Не смееме да бидеме минувачи на геноцидот во Газа, мора да ги запреме нацистите од 21 век пред да биде предоцна“, рече тој на Шестата светска конференција на претседатели на парламенти во Женева.

Тој оцени дека идеалот за мултилатерализам, мир и правда „намерно се поткопува“, додека, како што изјави, „кредибилитетот на меѓународните институции опаѓа“, објави новинската агенција Мехр.

Калибаф потсети дека Иран неодамна беше цел на „очигледна воена агресија од страна на ционистичкиот режим“ и дека нападите беа извршени со поддршка на САД, додека меѓународните институции, вклучително и Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), молчеа пред израелската агресија.

„Оваа агресија не се случи по неуспехот на дипломатијата, туку во средината на политичките преговори. Иран беше на преговарачката маса и беше посветен на дијалогот, но напаѓачите беа тие што ја превртеа преговарачката маса и избраа поинаков пат. Како одговор на оваа агресија, Иран решително ја бранеше својата територија и својот народ“, нагласи тој.

Би можело да ве интересира

Ја претворивте целата ваша територија во легитимна цел, порака за Украина од Иран

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Ирачките милитанти поддржани од Иран објавија снимка од нападот врз американската база во Багдад

Израел: Започнавме големи напади врз инфраструктурата на иранскиот режим

Иран тврди дека врховниот лидер е жив

Иранската војска се закани дека ќе го убие Нетанјаху

ВИДЕО: Црн отровен дожд во Иран по бомбардирањето на нафтените депоа

Катерина Ѓуровски