Калас го повика Иран да ги продолжи нуклеарните преговори

Од:

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, во телефонски разговор со иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, го повика Техеран веднаш да ги продолжи разговорите за прекинување на неговата нуклеарна програма.

„Заканите за повлекување од Договорот за неширење само дополнително ги зголемуваат тензиите“, нагласи Калас, потсетувајќи на заканите на Иран за повлекување од договорот. Таа додаде дека соработката со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) мора да се обнови и дека ЕУ е подготвена да го олесни овој процес, пишува Политико.

Аракчи рече дека за време на разговорот ја изразил длабоката недоверба на Техеран кон Соединетите Американски Држави, осудувајќи го „деструктивниот пристап“ што „некои европски земји“ и генералниот директор на МААЕ го презедоа во врска со неодамнешниот конфликт меѓу Израел и Иран.

Би можело да ве интересира

Израел: Убивме клучен терорист – дејствуваше под маската на новинар на Ал Џезира

Врховниот лидер на Иран прогласи победа над Америка

Горан Наумовски

Иран: САД мора да изберат дали сакаат војна или мир

Арагчи: САД стојат пред избор – примирје или ескалација

Пезешкијан: Иран ќе одговори решително на нападите и кршењето на примирјето

Кнутов: Ракетната моќ на Иран ги принуди САД на прекин на огнот