Какви бомби користеа Американците за напад кај Ормутскиот тесенц

Од:

Веста дека САД користат бомби за уништување бункери со тежина од 2.270 килограми е дополнителен доказ дека Иран чува голем дел од своето оружје длабоко под земја.

Централната команда на САД (Centcom) не прецизираше точно кои проектили за пробивање на утврдувања ги користеле против цели што ги опишаа како „утврдени ирански ракетни позиции“ по должината на иранскиот брег во близина на Ормутскиот теснец.

Сепак, познати се две варијанти кои одговараат на описот: ласерски водената бомба GBU-28 и поновата GBU-72 Advanced 5K Penetrator. Се верува дека втората е поверојатно користена, пишува BBC.

Бомбата GBU-72, првпат тестирана во 2021 година, е голема прецизна муниција од типот JDAM (Joint Direct Attack Munition) која се насочува кон целта со помош на сателитски и инерцијален навигациски систем.

За време на тестирањето, американските воздухопловни сили (USAF) објавија дека GBU-72 „е развиен за да ги надмине предизвиците што ги поставуваат фиксните, длабоко вкоренети цели и е дизајниран за борбени авиони и бомбардери“.

„Дизајнот на оружјето и неговата очекувана ефикасност беа развиени со користење на напредни техники и процеси за моделирање и симулација дури и пред да се искова првата боева глава“, додадоа тие. И покрај нивните големи димензии, овие бомби можат да ги носат и ловците F-15E Strike Eagle, што им дава на воените планери поголема флексибилност бидејќи не мора да се потпираат исклучиво на бомбардери, како што се B-1B кои полетуваат од базата RAF Fairford во Англија.

И САД и Израел веќе ја бомбардираа ракетната и беспилотната инфраструктура на Иран, но оружјето на Техеран останува значителна закана.

Во соопштение прочитано на државната телевизија вчера, Корпусот на Исламската револуционерна гарда објави дека Тел Авив, Израел, бил цел на ракетите Хорамшахр 4 и Кадр, кои носат повеќе боеви глави. Во исто време, снимките од социјалните мрежи силно сугерираат дека Иран користи касетна муниција.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Израел нè турка во катастрофа, светот мора да го разбере ова варварство и лудило

Погодена иранската нуклеарна централа

ВИДЕО: Нови ирански напади на заливските држави

Смртта на Али Лариџани е голем удар за Иран: Тој беше централна фигура

Калас: Дипломатијата е единствениот начин да се одржи отворен Ормутскиот теснец

Иран потврди дека Али Лариџани е убиен