Како се пости Рамазан кога сонцето не заоѓа

Од:

Мала група на муслимански верници кои живеат на крајниот север на Европа се прашува како да постат од изгрејсонце до зајдисонце, што верата им го пропишува, кога сонцето ретко паѓа под хоризонтот.

Во градот Рованијеми на северот на Финска, во Арктичкиот круг на 66 степени северна географска широчина, сонцето изгрева во 3 часот, а заоѓа во 23:30. А според исламот луѓето во тој крај би требало да се без храна и пијалок повеќе од 21 и час дневно.

За неколку години Рамазан, бидејќи се ориентира по лунарниот калнедар, кој е пократок за 10 дена од сончевиот, ќе се приближи до 20 јуни кога е летниот солистициум. Тогаш сонцето воопшто не заоѓа на северот на Финска.

„Мора да останеме присебни и разумни“, порачува 27-годишниот Махмуд Саид, кој живее и работи во последните 3 години во Рованијеми и објаснува како треба да се прифати времето од најблиската муслиманска земја, во овој случај Турција.

И покрај предлогот на Саид, не постои едногласен став помеѓу исламските ученици, за однесувањето со постот.

Во центарот на муслиманите во Аљаска, предлагаат да се земе времето на изгревање и заоѓање на сонцето во Мека, светиот град на муслиманите.

Европскиот совет за фетва (одлука) и истражување, во Даблин, пак, смета дека мора да се применува локалното време, па и на крајниот север.

Би можело да ве интересира

Втор ден на Светската конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог

Емир Латифовиќ

Божиновска: Верниците од муслиманска и христијанска вероисповед да ги почитуваат начелата на верата

Емир Латифовиќ

Џамијата, црквата и синагогата – (верски) објекти на омразата

Ана Ололовска

Дали христијаните ќе го слават Божик во ист ден?

Емир Латифовиќ

Шокантно откритие: Науката докажа дека Библијата е лажна

Ана Ололовска

Зошто Божик се слави на 25 декември?

Емир Латифовиќ