Како радикалната левица и националистичката десница го бришат европскиот политички центар

Од:

Гардијан – Лондон

Минатата 2015 беше година кога социјалдемократијата мораше да се соочи со егзистенцијални демони. Подемот на Подемос, кој на изборите во Шпанија освои 20 проценти од гласовите, е само најнов во низата успеси на радикалната, популистичката и националистичка левица. Преходно, Шкотската национална партија (СНП) ги победи лабуристите во Шкотска, а партиите на крајната левица изборија место во владината коалиција во Португалија.

Традиционалните социјалистички партии доживеаја нивната територија да ја окупира и националистичкиот популизам. Тоа го сторија Партијата за независност на Обединетото Кралство (УКИП) во Велика Британија, и Националниот фронт во Франција, а во Полска лани во октомври десницата ја збриша социјалдемократската левица.

Доаѓањето на Џереми Корбин за лидер на британските лабуристи е исклучок, кој го потврдува правилото: додека неговата контрола јакне, цела генерација на политичари од центарот почнаа да размислуваат за напуштање на една од најстарите социјалистички партии на светот, од причина што со неа е готово, како што оцени советникот на Тони Блер, Питер Хјуман.

Тоа што овие промени се дел од долгорочен процес не е никаква утеха: долгорочното слабеење во политиката има обичај да предизвика периодични сеизмички настани. Двојната изборна победа на Сириза, во комбинација со нивната мобилизација на 61 отсто од населението за спротивставување на мерките за штедење на референдум, е еден таков настан.

Каков и да биде резултатот на преговорите околу формирањето владина коалиција во Шпанија, освојувањето на власта во Барселона, Мадрид и Валенсија од страна на радикалните леви коалиции на локалните избори е исто така сеизмички настан.

Што го покренува тој процес? Иако секоја држава има свои специфичности, сличностите се премногу очигледни за да се игнорираат. Пред се, дезинтеграцијата на образецот за гласање кон класната припадност која ја забележаа социолозите од доцните 50-ти години на минатиот век, па досега. Покрај стравот и паниката од она што се случува денес, често се заборава дека најголем предизвик за социјалдемократијата, и пред деиндустријализацијата и неолиберализмот, беше фрагментацијата на класната лојалност во политиката.

Потоа дојдоа новите демографии на модерните општества. Индустриската работничка класа е мала, дури и во успешните индустриски земји, како што е Германија. Од друга страна. феноменот на младите онлајн индивидуалци претставува дополнителен товар во социјалдемократскиот егзистенцијален проблем, кој гласи: чии вредности ние ги претставуваме?

Тие кои добиваат плати од буџетот се либарални. Остатоците на старата средна класа, доколку нивниот проблем постојано се игнорира, можат да станат конзервативци. Идивидуалецот вклуен на интеренет мрежата мисли и делува глобално; па сепак социјалдемократската политика беше всушност национална и локална подолго од 100 години.

Бидејќи политиката на идентитетот доби замав, од 70-те години на минатиот век, социјалната демократија успешно ја апсорбираше. Но, и беше многу тешко да апсорбира, да одговори или да се прилагоди на радикалниот национализам. Од тука е и поразот на лабуристите во Шкотска и маргинализацијата на традиционалниот социјализам во Каталонија и Баскија.

Но, најголем проблем од сите е неолиберализмот и преминот на социјалната демократија на него. Неолибералната економска формула можеби донесе раст и стабилност во 90-те години на минатиот и почетокот на оовј век, но денес таа бара штедење, пораст на нееднаквоста и ерозија на социјалната држава, за да се финансираат пропаднатите банкарски системи и да се намалува преговарачката моќ на работникот.

Ако ова го прифатите, се поставува прашањето: како би изгледал ненеолибералниот социјализам на центарот? Но, малкумина се тие во најголемите социјалистички партии во Европа кои се подготвени да го постават ова прашање. Тоа е предизвик не само за лидерите, туку и за пешадијата, која го напушта штабот на лабуристите поради Корбин – поранешните новинари на Блер кои се мобилизирани ширум редакциите во Велика Британија да пишуваат против него и советниците кои попрво би сакале тој да не постои.

Но, 2015 година исто така почна да дава одговор на ова прашање. Во Португалија, Шпанија и Грција сите радикални леви партии мораа да направат компромис со моќта, националноста и со силите на центарот. Сириза ја освои власта во јануари ублажувајќи ја својата програма и регрутирајќи и воведувајќи многу поранешни социјалдемократи во својата изборна понуда.

Токму тие политичари бараа ублажување и компромис, а на крај добија се што бараа по победата на Ципрас на јулскиот референдум. Но, по друго важно прашање, Ципрас веќе направи ултимативен компромис. Околу прашањето за НАТО, постави шеф на мала десничарска националистичка партија за министер за одбрана, а самиот не покажа ни малку срам кога навлече панцир за да влезе во инспекција на воените трупи.

Сириза управуваше со капиталистичка Грција, иако не секогаш компетентно. Нивното решение за нелојалната и политизирана државна администрација често беше занемарување на министерствата, држење на физичка оддалеченост од оние делови на државниот апарат за кои марксистичката теорија ви вели дека треба да ги држите на око; војската, тајните служби и дипломатскиот корпус.

Во Барселона, движењето на Подемос – Ен Кому, кој го презема градскиот совет во мај, стана порадикално, поставувајќи станбени активисти да ја водат станбената политика; институционализирајќи го рушењето на платформи како што се Убер и Аирбнб.

Но, Барселона не е држава. Во Португалија, ова се уште се рани денови за коалицијата на социјалистите, комунистите и радикалната левица, кои се провлекоа низ уставни обрачи за да ја освојат власта во ноември. Но, цената на инклузијата на радикалната левица во Владата беше нејзино претходно обврзување дека ќе ги почитува обврските на Португалија кога е во прашање враќањето на долговите.

Парадоксално, мешавината на реалполитиката и отсуството на монетарната независност ја натера радикалната левица во простор кој на многумина им изгледа како одговор на прашањето: ненеолибералната социјалдемократија за глобалниот свет.

Ако имаме предвид што претставуваше изворно социјалдемократијата, таа е уште поблиску: работничките партии кои се појавија во 90-те години на 19-от век го избраа зборот социјалдемократ, знаејќи дека тоа е навредлив термин за марксистите. Тоа значеше обезвреднување на револуцијата, аболиција на капитализмот, поради долгорочата „максимална‟ цел и истовремено подготвеност да се управува со капитализмот на социјално праведен начин, кон „миминалната‟ програма за реформи.

Движењата како што се Подемос, Сириза и Корбун, што и да велат дека сакаат, тоа што всушност тие го предлагаат сосема добро се вклопува во максимум-минимум програмата од90-те години на 19-от век, освен во еден аспект: „максималната‟ цел стана нејасна и се врти околу еколошките цели, а не околу планското производство и државната сопственост.

Но, ова не е стабилно решение. Политиката во развиениот свет претставува предизвик за структурите на центарот и од десната и од левата страна. Со национал-социјалистичката десница и социјалните конзервативците кои во многу земји освојуваат околу 25 отсто гласови и со радикалната левица која достига речиси еднаков процент, можеби нема да има простор за повеќе од една проглобална и пропазарна сила.

Тоа нема да се случи ненадејно, но најверојатниот резултат за социјалдемократијата е тој за кој тајно размислуваат во лабуристичките последни редови: фузија со либерализираните конзервативци. Така 2016 година ќе биде година во која вистинските верници на социјализмот од сите страни на центарот ќе ја слушнат пораката: „Не можете да не победите, придружете ни се‟.

Би можело да ве интересира

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

СИРИЗА: Фидан во Скопје го прекрши Договорот од Преспа

СИРИЗА: Грчката влада да реагира на изјавите на Ердоган со кои се навредува споменот на жртвите

Каселакис: Ако Владата смета дека е штетен Договорот од Преспа, нека оди со ВМРО да договори корисен договор

Катерина Ѓуровски

Каселакис: Меморандумите се позитивни за Грција и од геополитички и од економски причини

Кехаја: Договорот од Преспа предвидува дека името на државата е неотповикливо