ДПА – Берлин
Студената војна конечно заврши и во Карипскиот регион, откако Куба и САД официјално воспоставија дипломатски односи, кои беа прекинати повеќе од половина век непријателства. Двете земји се подготвуваат повторно да ги отворат амбасадите во престолнините на 20 јули.
Многу долго Вашингтон ја гледаше комунистичка Куба како закана во својот двор. Сегашното доближување ќе биде важен дел од наледството кое Обама ќе го остави по крајот на својот мандат, но сепак Конгресот во кој доминира опозицијата, може да му направи извесни пречки.
Отварањето на американската амбасада „ќе ги легитмира репресите врз Куба и нема да ја поттикне каузата на слободата и декомратијата“, се пожали на Твитер кандидатот за претседателска номинација на Републиканската партија, Џеб Буш, син и брат на претседателите Џорџ Буш постариот и Џорџ Буш помладиот.
Законодавците од конзервативната партија веќе јасно дадоа на знаење дека Обама нема да може така лесно да назначи амбасадорт, чија номинација треба да биде потврдена од Сенатот, кој го контролираат републиканците.
Уште потешко може да биде укинувањето на долгогодишното американско ембарго за трговијата кон Куба, иако надежите на американските компании, туристите и, се разбира, љубителоте на пурите и румот. Режимот на ограничувачките мерки кон Куба беше на дневниот ред на Обама, но тој чекаше дури до средината на вториот мандат за да ги отвори картите.
Обама и кубанкиот претседател Раул Кастро, го изненадија светот во декември кога заедно ги објавија намерите за воспоставување на односите. Тоа беше резултат на 18-месечните тајни преговори со посредство на Ватикан. Во емотивен тон, Обама на шпански јазик тогаш изјави: „Тодос сомос Американос“ или „Сите сме Американци“.
Во април, двајцата државници се видоа во Панама на маргините на лидерската средба на Организаијата на америакнските држави и повтрно создадоа историја.
Кастро, 83-годишниот брат на 88-годишниот болен револуционерен лидер, Фидел Кастро, потсети на обидите на ЦИА да го убијат брат му, како и на безуспешното протерување на кубансите бегалци во Заливот на свињите во 1961 година.
Стариот револуционер тогаш изјави дека првиот претседател на САД со афроамериканско потекло, нема да сноси никаква вина за делата на неговите претходници. – Според мене, Обама е чесен човек. Сметам дека неговто поведение до голема мера се должи на неговото скромно потекло. изјави Раул Кастро
Обама тогаш гледаше во подот.
Со години САД беа во меѓународна изолација што се однесува до политиката кон Куба. Папите ја посетуваа Хавана и го осудуваа трговското ембарго кое беше воведено од американскиот претседател Џон Кенеди.
По улиците на Хавана обичните Кубанци негуваат големи надежи за извлекување од сиромаштијата. Бројот на туристите од САД веќе значително се зголеми од јануари, но сепак многу од ограничувањата за патувањата остануваат во сила.
Пред зградата на Службата за заштита на дипломатските интереси на САД на Куба, 50-годишниот Едуардо Валдез изрази надеж дека новата амбасада ќе олесни тој да емигрира и да се спои со своето семејество кое е на Флорида.
– Не сум го видел мојот син од неговата петта година, објасни тој.
Абел Гарсија, 41-годишен маж кој чекаше пред Службата да добиде одговор на неговата молба за американска виза, рече дека зближувањето „ќе биде нешто добро за земјата“.
Во стариот дел на Хавана и во градовите од времето на колонијалната ера, како Тринидад во централна Куба, бизинсот со туристи веќе процветува. Многу западни туристи брзаат да си направат планови да ја посетат Куба и да добијат претстава какви биле таму нештата децении наназад, да се повозат со легендарните лимузини од 50-те години во островската држава, пред таму да дојдат очекуваните странски инвестиции.
Пред Службата за заштита на американските интереси, 57-годишниот Раул Бусо исто така изрази очекување за подем на економските односи со САД. – Сега се би требало да се подобри, смета тој.