Кај вакцинираните Австријци најчести нуспојави предзвикала АстраЗенека, а најретки Фајзер/БиоНТек

Од:

Меѓу Австријците вакцинирани против Ковид-19, најчести несакани ефекти се појавиле по вакцинацијата со АстраЗенека, а најмалку од Бионтех/Фајзер, покажува извештајот на државната канцеларија за здравствена безбедност (БАСГ) што денеска е објавен.

Несакани ефекти на AстраЗенека се регистрирани во 12,3 отсто од вакцинираните случаи, а кај Фајзер/БиоНТек во 2,27 проценти од случаите. Несакани реакции имало и кај вакцината на Модерна, во 3,49 случаи и 5,55 отсто кај Џонсон и Џонсон.

Извештајот за несаканите ефекти се темели на 10,7 милиони вакцинирани од крајот на декември 2020 година до крајот на септември оваа година.

БАСГ посочува дека ова не се сериозни несакани ефекти.

„Пријавените несакани ефекти одговараат и по интензитет и по фреквенцијата со податоците од студиите на индивидуалните производители доставени пред лиценцирањето“, се наведува во соопштението на државната канцеларија за здравствена безбедност.

Во најголем дел од случаите, или 53 проценти од несаканите ефекти биле црвенило околу местото на инјектирање, главоболка и замор.

Властите, исто така, соопштија и за 177 смртни случаи по вакцинацијата, од кои само во два се утврди врска меѓу смртта и вакцинацијата.

Кај четворица од починатите со обдукција е исклучена врската меѓу смртта и вакцинацијата, а 20 од починатите биле вакцинирани за време на инкубацијата со коронавирусот од кој подоцна починале, додека во 34 случаи станувало збор за пациенти со тешки болести што претходеле на вакцинацијата.

Кај 117 починати се уште не е утврдена точната причина за смртта, се наведува во извештајот.

Би можело да ве интересира

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он

Австрија ќе почне да ги депортира Сиријците

Горан Наумовски

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски