Кај Фукушима уловена „атомска риба” – 2500 пати повеќе озрачена од лимитот

Од:

Рибата уловена во близина на нуклеарната централа во Фукушима, озрачени е дури 2.500 пати повеќе отколку што е дозволено за да може да се користи за исхрана на луѓето.

Како што соопшти јапонската енергетска компанија, “TEПКО” оператор на нуклеарката “Фукушима Даичи”, рибата е уловена во заливот во близина на главниот реактор, во склоп на програмата за контрола на радиоактивноста на морските плодови, во моментот кога се наближува втората годишнина од големата нуклеарна катастрофа предизвикана од земјотресот во март 2011 година.

Рибата што претставници на компанијата “TEПКО” ја нарекоа “Мајк Мурасои”, содржи 254.000 бекерели на радиоактивен цезиум по килограм, што е дури 2540 пати повеќе од дозволените 100 бекерели по килограм, но на неа не се забележани било какви дегенерации или промени на физичките карактеристики.

Енергетската компанија “TEПКО” моментално поставува мрежа во морето во радиус од 20 километри околу нуклеарната централа, надевајќи се дека со тоа, ќе се намали миграцијата на рибната популација надвор од таа област.

Научниците веруваат дека талозите на цезиум на морското дно или протекувањето од оштетените реактори и понатаму го загадуваат океанот и може да го загрозат риболовот во наредните неколку децении.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови