Меѓународната организацијата „Хјуман рајтс воч“ со седиште во Њујорк, ја повика египетската влада да престане со употреба на боева муниција против демонстрантите.
Организацијата во своето соопштение наведе дека египетските воени лидери под итно треба да ги повлечат инструкциите кои и се дадени на полицијата, со боева муниција да ги штити државните згради.
-Ова прекумарна и неоправдана употреба на смртоносна сила е најголем можен одговор на тензичната состојба во Египет, рече директорот на организацијата за Блиски исток, Њо Сторк.
Според организацијата, во текот на насилното разбивање на протесниот камп Раба ал Адавиља во Каиро, на 14-ти септември загинале најмалку 377 лица, а не 288 како што тврди египетското Министерство за здравство.
Во немирите во Египет според официјалните податоци до сега загинаа вкупно 830 лица.
Елена Георгиевска