Каиро: Бараат смена на министерот за полиција

Од:

Десетина египетски организации за заштита на човековите права побараа смена на египетскиот министер за внатрешни работи.

Тие ја обвинија полицијата за злоупотреба на службената положба и брутално постапување во притворските центри и за време на протестите на граѓаните.

Во соопштението се вели дека полицијата применувала систематска тортура, која била вообичаена во претходниот “авторитарен режим” во Египет.

Претседателот на Египет Мохамед Морси, тврдат организациите, е виновен што не го спречил ваквото однесување на полицијата, пренесе АП. Организациите го повикаа Морси да го смени министерот за внатрешни работи, во чија надлежност припаѓа и полицијата, и да го доведе пред суд.

Во соопштението се додава дека, за време на протестите, поради бруталното однесување на полицијата, убиени се 53 цивили, од нив 40 само во една покраина. Министерот за внатрешни работи Мохамед Ибрахим, негираше вчера дека полицијата отворила оган врз демонстрантите.

Би можело да ве интересира

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет