Каха Каладзе нов градоначалник на Тбилиси

Од:

Поранешниот фудбалски репрезентативец на Грузија и дефанзивец на италијанскиот клуб Милан, 39-годишниот Каха Каладзе е избран за нов градоначалник на Тбилиси, на вчерашните локални избори во земјата.

Каладзе го номинира владејачката партија Грузиски сон и освои 51,06 отсто од гласовите на локалните изборачи, соопшти Централната изборна комисија на Грузија по обработка на сите гласачки ливчиња.

За градоначалник на Тбилиси, со население од околу 1,2 милиони жители, се кандидираа 13 лица.

Каладзе, веќе беше вицепремиер и министер за енергија откако се пензионира од играњето фудбал во 2012 година.

Грузијците вчера гласаа на локални избори кои се сметаат за тест за поддршката на владината коалиција во пресрет на претседателските избори што ќе се одржат следната година. Гласачите избираа 58 први луѓе на општините и областите, пет градоначалници – на Тбилиси, Батуми, Кутаиси, Поти и Рустави и 2.058 членови на 64 локални совети.

Како што соопшти ЦИК, на изборите учествуваа 22 партии, пет политички блока и една иницијатива. Претходните избори се одржаа во два круга во 2014 година, а актуелната владејачка коалиција и тогаш освои мнозинство.

Би можело да ве интересира

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

Усвоен е законот за странски агенти во Грузија

Грузија: Комитетот го усвои законот за „странски агенти“, 20 приведени на протести

Горан Наумовски

Грузија сака да воведе закон за странски агенти

Новинар на РТ беше приведен од грузиските власти на аеродромот, а рускиот пасош му беше одземен

Грузиските фудбалери ја победија Грција и обезбедија пласман на ЕП