Кадиров oбјави фотографија од малолетните синови кои ги праќа во војна: Уште од мали нозе ракуваат со разни оружја

Од:

Лидерот на Чеченија Рамзан Кадиров денеска најави дека неговите малолетни синови ќе војуваат во Украина, а сега објави и фотографија.

„Тоа што се малолетни не треба да влијае на обуката на оние кои ја бранат нашата татковина. Внуците на првиот претседател на Чеченија, Ахмат Кадиров – Ахмат, Ели и Адам имаат 16, 15 и 14 години. Меѓутоа, нивната воена обука започна многу одамна, кога беа многу мали“, рече Кадиров.

Тој сега на својот профил на социјалните мрежи објави видео на кое се гледа како неговите синови вежбаат на полигонот и користат опасно оружје.

Кадиров рече дека неговите деца уште од мали нозе знаат да ракуваат со разни оружја, како да го користат на која било далечина и на теоретска основа.

Ахмат, Ели и Адам се подготвени да ги применат своите вештини во предната зона“, истакна Кадиров.

Лидерот на Чеченија има 14 деца, според неговата официјална страница. Но, дел од медиумите пишуваат дека бројот може да е поголем.

Би можело да ве интересира

„Фајненшл тајмс“: Путин се подготвува за војна на другиот крај од светот

Горан Наумовски

Кадиров: Руските сили го нападнаа Харков како одмазда за нападите со беспилотни летала врз Грозни

Неколку земји од ЕУ се подготвуваат за војна

(ВИДЕО) Алавитите масовно бегаат кон бреговите на Сирија, ги засолнуваат своите најблиски

ВИДЕО: Кадиров излезе од „Бредли“; „Ќе ти дадам пиштол, можеш сам да пукаш во себе“

Кадиров бара руска правда за својот сонародник Муслиман Мурдиев